Лични алати
Пријави се

Специјални електрични машини и нивно управување

Предмет: Специјални електрични машини и нивно управување

Код: ФЕИТ02018

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. Д-р Гога Цветковски

Содржина на предметната програма: Видови на специјални електрични машини и нивни конструктивни особености. Примена на специјалните електрични машини. Основни големини, параметри и карактеристики на специјалните електрични машини.

Вовед во теоријата на специјалните електрични машини. Видови специјални електрични машини: со возбуда од перманентни магнети поставени на статор/ротор; специјални електрични машини со радијален / аксијален флукс; реактивни машини; линеарни машини; еднофазни асинхрони / синхрони мотори; асинхрони мотори со засечени полови; сервомотори; тахогенератори; чекорни мотори, линеарни мотори,  машини со зголемена енергетска ефикасност и др.

Системи и уреди (енергетски преобразувачи) за напојување, управување и регулација на специјалните електрични машини. Техники на управување за подобрување на енергетската ефикасност на целиот систем.

Математички модели на специјалните електрични машини; методи и постапки за определување и анализа на карактеристиките на специјалните електрични машини.

Параметри, статички и динамички карактеристики на специјалните машини.

Компјутерска симулација, нумеричка пресметка и анализа на статичките и динамичките карактеристики на електричните машини со примена на различни методи и софтверски пакети (MATLAB, FEMM, PESIM и други).

Литература:

  1. J. F. Gieras, R. J. Wang, M. J. Kamper, „Axial Flux Permanent Magnet Brushless Machines“, Kluwer Academic Publishers, 2004.
  2. S. A. Nasar, I. Boldea, L. E. Unnewehr, „Permanent Magnet, Reluctance, and Self-Synchronous Motors“, CRC Press, 1993.
  3. T. J. E. Miller, „Brushless Permanent-Magnet and Reluctance Motor Drives“, Oxford Science Publications, 1989.
  4. R. Krishnan, „Switched Reluctance Motor Drives“, CRC Press, 2001.
  5. А.Emadi, „Energy-Efficient Electric Motors“, Marcel Deker, 2005.