Лични алати
Пријави се

Современи мехатронички системи

Предмет: Современи мехатронички системи

Код: ФЕИТ01016

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. Д-р Миле Станковски

Содржина на предметната програма: Хибридни системи и намената и улогите на автоматика, електроника,  компјутерство, мехатроника, и роботика. Проблеми на спрегнување и интеракција. Електроничко-електромеханичка интеграција. Основи на задвижувачка динамика. Основни модели на конструктивни машински компоненти, електрични и хибридни сервомеханизми, електромеханички погони и актуатори. Механички вибрации, нишање, триење и нивната идентификација. Независно управување на задвижувани зглобови. Управување на силата. Управувана навигација на мобилни роботи и транспортери. Интегрирано управување на манипулациони роботи и роботски транспортери. Примена на линеаризација и мултиваријабилно управување. Стратегиско рамниште на управување во мехатроничко-роботички системи.

Литература:

  1. Robert H. Bishop, The Mechatronics Handbook, CRC PRESS, 2002.
  2. Godfrey Onwubolu, Mechatronics: Principles and Applications, Butterworth-Heinemann, 2005.
  3. V.S.Bagad, Mechatronics, Technical Publications, 2009.