Лични алати
Пријави се

Компјутациона интелигенција

Предмет: Компјутациона интелигенција

Код: ФЕИТ01007

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Весна Ојлеска

Содржина на предметната програма: Компјутационата интелигенција (КИ) претставува множество од компјутациони методологии и пристапи, инспирирани од природата, наменети за решавање на комплексни проблеми од реалниот свет, за кои традиционалните пристапи (на пример моделирањето според основните физички законитости или експлицитното статистичко моделирање) се неефективни или неизводливи.

Во оваа предметна програма ќе бидат покриени следните теми: 1. Вовед: преглед на односувањата во биолошкиот свет од кои се мотивирани методологиите во состав на компјутационата интелигенција (КИ). 2. Компјутациоана интелигенција: концепти на адаптација и само-организација; однос помеѓу трите основни компоненти на КИ (еволутивна компјутација, невронски мрежи, и фази логички системи) и како истите се комбинираат и/или се интегрирани во еден КИ систем. 3. Еволутивна компјутација: основните парадигми на еволутивната компјутација: генетски алгоритми, еволутивно програмирање, еволутивни стратегии, генетско програмирање, и оптимизација на рој (колонија) од честички. 4. Имплементација на еволутивната компјутација: работи кои треба да се земат во предвид при примена на парадигмите на еволутивната компјутационата интелигенција. 5. Вештачки невронски мрежи: терминологија и составни елементи на невронските мрежи; преглед на различните топологии на невронските мрежи; учење и отповикување на невронските мрежи; хибридни мрежи и рекурентни мрежи; проблемите на пред-процесирање и пост-процесирање. 6. Имплементација на невронските мрежи: работи кои треба да се земат во предвид при имплементацијата на вештачките невронските мрежи. 7. Фази-логички системи: анализа и дизајн на фази-логичките системи; специјални поглавја поврзани со фази-логичките системи. 8. Имплементација на фази-логичките системи: работи кои треба да се земат во предвид при имплементација на фази-логичките системи. 9. Имплементација на компјутационата интелигенција.

Литература:

  1. Eberhart, E. and Y. Shi., “Computational Intelligence: Concepts and Implementations”, Morgan Kaufmann, San Diego, 2007.
  2. Andries P. Engelbrecht, “Computational Intelligence: An Introduction, 2nd Edition”, John Wiley, 2007
  3. Konar, A., Gary Riley, “Computational Intelligence: Principles, Techniques, and Applications”, Springer, Berlin, Germany, 2005.
  4. Jyh-Shing Roger Jang, Chuen-Tsai Sun, Eiji Mizutani, “Neuro-Fuzzy and Soft Computing (A Computational Approach to Learning and Machine Intelligence)”, Prentice Hall; 1 edition, 1997
  5. Fogel, D.B. and C.J. Robinson (Eds), “Computational Intelligence: The Experts Speak”, John Wiley, New York, 2003.