Лични алати
Пријави се

Монтажата како аудиовизуелно естетско поимање

Предмет: Монтажата како аудиовизуелно естетско поимање

Код: ФЕИТ00016

Број на ЕКТС кредити: 8 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Вон. проф. Лазар Секуловски

Содржина на предметната програма: Наративна и ненаративна монтажа; психолошка (монтажна) просторна доминанта; монтажен филмски простор; аналитички и структуралистички филмски пристап; денотација, денотативен знак, конотација, код за антиципација и ретроакција; парадигматска и симболичка свест; микрознак, макрознак; филмска метафора; метафорички и метонимиски (фигуративен) пристап; немаркирани „имплицитни“ симболи и маркирани симболи; начини на конституирање на стилски фигури: инсерт или аспектуален отклон, аспектуална стилизација; филмско време; перцептивни и неперцептивни нивоа во разбирањето на филмот; неиконични ефекти во секвенцата (наративна синтакса, емоции и инерција); емотивни и конотативни учиноци на монтажата, визуелна инерција, напнатост и одржување на перцептивната радозналост.

Литература:

  1. Pudovkin, V. I., “Film Technique and Film Acting”, London: Vision Press, 1958
  2. Eisenstein, S. M., “Film Sense”, New York: Hartcourt, 1942
  3. Cowen, P.S., “Manipulating montage: Effects on film comprehension, recall, person perception, and aesthetic responses., Empirical Studies of the Arts, 6, 1988
  4. Reisz, K. i Millar, G., “The Technique of Film Editing”, New York: Hastings House, 1968
  5. Kritenden, R., “Fini rezovi: umetnost evropske filmske montaze”, Sirius production, Beograd, 2011