Лични алати
Пријави се

Дизајн и естетика на звукот

Предмет: Дизајн и естетика на звукот

Код: ФЕИТ00003

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: вон. проф. Драгутин Ќирковиќ

Содржина на предметната програма: Предметната програма Дизајн и естетика на звукот ги обединува естетските и практични приоди на звукот во филмот и телевизијата, како и во останатите визуелни медиуми. На студентите им се предочуваат принципите на креативно создавање на звучната слика и остварувањето на сопствениот естетски и уметнички израз со помош на звучните изразни средства (дијалог, музика, звучни ефекти). Се изучуваат и технолошките проблеми кои настануваат при дизајнирање на звук во поранешните и новите - повеќеканални звучни формати (5.1, 6.1, 7.1...). Предметот е базиран како на теоретска настава, така и на демонстрации и практични прикази на креативната употреба на звукот.

Литература:

  1. Michael Chion, “Audio-Vision”, Columbia University, 1994
  2. Tomlinson Holman, “Sound for Film and Television”, Focal Press
  3. Иво Блаха, “Драматургија звука у филмском и ТВ делу”
  4. Elisabeth Weis, “Film Sound
  5. David Lewis Yewdall, “The Practical Art of Motion Picture Sound”, Focal Press, 2003
  6. 6. David Sonnenschein, “Sound Design: The Expressive Power of Music, Voice and SoundEffects in Cinema