Лични алати
Пријави се

Дигитално процесирање на видео

Предмет: Дигитално процесирање на видео

Код: ФЕИТ05005

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: вон. проф. д-р Зоран Ивановски

Содржина на предметната програма: Просторно и временско семплирање на видеосигналите, естимација и компензација на движење, филтрирање за потиснување на шумот, филтрирање базирано на компензација на движење. Реставрација на дигитално видео, суперрезолуциски техники, деинтерлисинг, конверзија на семплирачката структура. Компресија на слика и видео базирана на рамки. Видеокодирање базирано на содржина: кодирање на облици, кодирање на текстури, кодирање на објекти, кодирање базирано на знаење. Стандарди за компримирано видео. Техники за постпроцесирање за намалување на негативните ефекти на компресијата: Техники за детекција и естимација на компресиските артефакти, Техники за потиснување на компресиските артефакти, Напредни техники за сегментација на видео и повеќе-нивовска репрезентација. Видеостриминг, процесирање на видео во компресиски домен. Дигитална телевизија.

Литература:

  1. Yao Wang, Joern Ostermann, and Ya-Qin Zhang, “Video Processing and Communications”, Prentice Hall, 2002
  2. M. Tekalp, “Digital Video Processing”, Prentice Hall, 1995
  3. Charles Poynton, “Digital Video and HD: Algorithms and Interfaces”, ELSEVIER Inc., 2nd ed., 2012
  4. V. Bhaskaran, K. Konstantinides, “Image and Video Compression Standards”, Kluwer Academic Publishers, 1997