Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 18-Енергетска електроника (18-ЕНЕЛ) Векторско управување на машини за наизменична струја

Векторско управување на машини за наизменична струја

Предмет: Векторско управување на машини за наизменична струја

Код: ФЕИТ02001

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Горан Рафајловски

Содржина на предметната програма: Динамичко моделирање на асинхрон мотор (синхрон мотор) во произволно избран координатен систем. Можности за аквизиција на роторскиот флукс со помош на модели. Поим за просторен вектор на напоните, струите и флуксевите во машината. Дискретен математички модел на напонски инвертор со варијабилна структура. Симулација на современи типови на широчинско импулсна модулација. Поим за просторно векторска модулација на напоните. Анализа и синтеза на системи за директна и индиректна векторска регулација. Векторска регулација со ориентација на полето. Директно управување на моментот и векторот на статорскиот флукс. Предиктивна Векторска регулација ориентирана на дискретниот модел на инверторот -моделирање и симулација. Векторска регулација на брзината и положбата без употреба на сензори. Примена на регулатори базирани на Фази логика. Примена и предности на овие системи за управување.

Литература:

  1. John Chiasson, “Modeling and high performance control of electric machines”, IEEE Press and John Wiley & Sons, Inc., 2005
  2. Werner Leonhard, “Control of Electrical Drives, 3-rd edition”, Springer, 2001
  3. Nguyen Phung Quang, Jörg-Andreas Dittrich, “Vector Control of Three-Phase AC Machines: System Development in the Practice”, Springer, 2008