Лични алати
Пријави се

PWM техники во енергетската електроника

Предмет: PWM техники во енергетската електроника

Код: ФЕИТ00002

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Миле Петковски

Содржина на предметната програма: Управување со DC/DC конверторите. Напонско управување. Струјно управување: по врвна вредност или по средна вредност на струјата. Управување по полнеж. Управување со хистерезис. Директно управување. Управување на паралелно поврзани конвертори и конвертори со повеќе излези. Конвертори со голем однос моќност/габарит. Моделирање на DC/DC конверторите. Потреба, апроксимативност и видови техники за моделирање. Класификација на моделите. Усреднување во просторот на состојби. Метода со инјектирана струја. Метода со линеаризација на PWM прекинувачите. Проектирање на колото на повратна врска. Одредување на стабилноста на затворената јамка. Примери за проектирање. Дигитална обработка на сигналите и дигитално управување со електронските енергетски конвертори. Основни особини на дигиталниот контролер, кондиционирање на сигналите и дискретизација, синхронизација помеѓу дискретизацијата и импулсно ширинската модулација. Пропорционално интегрален контролер: стратегија на дискретизација. Ефект на компјутерското каснење и негова минимизација. Управување со трифазни инвертори, контролери базирани на просторно - векторска модулација (SVM – Space Vector Modulation). Моделирање и реализација на внатрешна и надворешна повратна контролна спрега. Управување со непрекинати напонски извори на напојување (UPS – Uninterruptible Power Supply).

Литература:

  1. Simone Buso and Paolo Mattavelli, “Digital Control in Power Electronics”, Morgan &Claypool, 2006
  2. N. Mohan. T. Undeland and W. Robbins, “Power Electronics: Converters, Applications and Design”, John Wiley and Sons, 2003
  3. Fang Lin Luo, Hong Ye, Muhammad Rashid, “Digital Power Electronics And Applications”, Elsevier, 2005