Лични алати
Пријави се

Проектирање согласно со стандардите – PFC & EMC

Предмет: Проектирање согласно со стандардите – PFC & EMC

Код: ФЕИТ05021

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Содржина на предметната програма: Аспекти на електромагнетните влијанија во енергетската електроника. Услови, препораки и стандарди. Основни принципи на електромагнетната интерференција. Неидеално однесување на компонентите (проводници, печатени плочки, отпорници, кондензатори, индуктивни елементи, трансформатори, ферити, механички прекинувачи, полупроводнички прекинувачки елементи). Извори на чист шум (термички шум, шум на сачма, контактен шум, фреквенциски опсег на шумот). Генерирање на интерферентен шум. Еквивалентни модели. Пренесување на шум и интерферентни пречки. Заземјување. Оклопување. Електромагнетна интерференција кај уредите од енергетската електроника (насочувачи, инвертори, прекинувачки извори за напојување – SMPS, преобразувачи со PWM); извори на пречки, методи на мерење, техники за редуцирање на внатрешни електромагнетни интерференции, ЕМИ филтри. Тестирање на отпорноста на пречки од мрежата за напојување.

Литература:

  1. J. A. Cobos, “Design for Compliance with Standards - PFC & EMC”, интерна скрипта ФЕИТ, Скопје, 2000
  2. Laszlo Tihanyi, “Electromagnetic Compatibility in Power Electronics”, IEEE Press, New York, 1995
  3. Derek A. Paice, “Power Electronic Converter Harmonics”, IEEE Press, New York, 1995