Лични алати
Пријави се

Проектирање системи со 8-битни микроконтролери

Предмет: Проектирање системи со 8-битни микроконтролери

Код: ФЕИТ05018

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Љупчо Караџинов

Содржина на предметната програма: Вградливи микрокомпјутерски системи. Споредба на архитектурите на 8-bit-ните микроконтролери. Архитектура на 8-bit-ните микроконтролери од Microchip: фамилии PIC10/12/16 и PIC18. RISC инструкциски сет на 8-bit-ните микроконтролери од фамилијата PICmicro. Вградливи периферии и поврзување со надворешни уреди. Програмирање на микроконтролери во асембелрски јазик. Апсолутно и релативно лоциран код. Директиви на развојната околина MPLAB. Програмирање на микроконтролери во 'C' јазик и развојни околини (HI-TECH C, microC и microProg). Библиотеки со готови функции во 'C' јазик. Дебагирање. Студии на конкретни примени (case studies). Развојни стратегии при проектирање микроконтролерски систем. Изработка на проект со микроконтролер.

Литература:

  1. Myke Predko, “Programming and Customizing PICmicro Microcontrollers, 3-rd Ed.”, McGraw-Hill, New York, 2008
  2. Tim Wilmshurst, “Designing Embedded Systems with PIC Microcontrollers, Principles and Applications”, Elsevier, Amsterdam, 2007
  3. Julio Sanchez, Maria P. Canton, “Microcontroller Programing: The Microchip PIC”, CRC Press, Boca Raton, FL, 2007