Лични алати
Пријави се

Проектирање на прекинувачки извори за напојување

Предмет: Проектирање на прекинувачки извори за напојување

Код: ФЕИТ05017

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Љупчо Караџинов

Содржина на предметната програма: Заеднички проектни ограничувања и параметри за импулсните извори за напојување. Заштита од пренапони во напојната мрежа. Методи за меко стартување и импулсно стартување. Заштита од превисоки и прениски напони за напојување. Заштита од преоптоварување. Влезни и излезни филтри. Кола за сигнализација на дефект. Намалување на стресовите на полупроводничките прекинувачки елементи. Селекција на енергетските компоненти. Посебни ограничувања при изработката на печатената плочка. Извори со повеќе излези. Кола за помошно напојување (на неенергетските кола). Само–осцилирачки извори за напојување. Извори за константна струја. Карактеристики на on-board извори за напојување. Стабилност и компензација на управувачкото коло. Примена на струјно управување. Интегрирани кола со специјална наменета (ASIC) за прекинувачки извори за напојување. Програмски пакети за проектирање на импулсни извори за напојување. Проектирање со програмскиот пакет PIExpert. Дигитално управување на енергетски електронски системи: аспекти на управувањето, споредба на дигитално и аналогно управување. Избор на компоненти и проектирање на дигиталните контролери: наменски интегрирани кола, микроконтролер, FPGA и PLD компоненти. Примери.

Литература:

  1. Pressman and K. Billings, “Switching Power Supply Design, 3-rd Ed.”, McGraw-Hill, New York, 2008
  2. Ron Lenk, “Practical Design of Power Supplies”, Wiley-IEEE Press, New York, 2005
  3. H. W. Whittington, B. W. Flynn and D. E. Macpherson, “Switched Mode Power Supplies–Design and Costruction, 2-nd Edition”, Research Studies Press Ltd., Tauton, Somerset, England, 1997