Лични алати
Пријави се

Моделирање на електромоторни погони

Предмет: Моделирање на електромоторни погони

Код: ФЕИТ06011

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Слободан Мирчевски

Содржина на предметната програма: Пристап со теоријата на вектори на состојбата. Стационарни и динамички состојби на погони со асинхрони машини. Стационарни и динамички состојби на погони со синхрони машини. Стационарни и динамички состојби на погони со еднонасочни машини. Споредба на еднонасочни и наизменични електромоторни погони. Напонски инвертори. Инвертори со импулсно широчинска модулација. Струјни инвертори. Погони за високи перформанси и погони за општа намена. Векторско управување и ориентација на полето. Управување со моментот на еднонасочна машина. Векторско управување на синхрони машини. Стационарен d,q модел на синхрона машина. Управување со моментот кај синхрони машини. Динамика на синхрона машина со векторско управување и ориентација на полето. Еднонасочни машини без четкици. Векторско управување на асинхрона машина во стационарна состојба. Динамика на асинхрона машина со ориентација на полето. Индиректни управувачи. Директни управувачи. Користење на флуксот во воздушниот зјај. Струјна регулација во енергетските преобразувачи. Модели за мали сигнали. Опсервери и естиматори.

Литература:

  1. D. W. Novotny, T. A. Lipo, “Vector Control and Dynamics of AC Drives”, Clarendon Press - Oxford, 1996
  2. I. Boldea, S. A. Nasar, “Electric Drives”, CRC Press, 2005
  3. N. Mohan, “Advanced Electric Drives”, MINPERE, 2001