Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 18-Енергетска електроника (18-ЕНЕЛ) Енергетски електронски компоненти и преобразувачи

Енергетски електронски компоненти и преобразувачи

Предмет: Енергетски електронски компоненти и преобразувачи

Код: ФЕИТ05009

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Љупчо Караџинов

Содржина на предметната програма: Класификација на енергетските електронски компоненти и преобразувачи. Преглед на модерните електронски енергетски елементи и нивните основни својства. Диодни еднофазни и повеќефазни насочувачи. Мрежноуправувани еднофазни и повеќефазни насочувачи и инвертори. Четириквадрантни насочувачи. Еднофазни и трифазни автономни инвертори. Принцип на работа на напонските и струјните инвертори и нивна основна примена. Еднонасочни преобразувачи - тиристорски чопери, снижувач на напон, повишувач на напон и универзален преобразувач. Вовед во резонантни преобразувачи. Еднонасочни, еднофазни и трифазни статички прекинувачи. Наизменични преобразувачи - регулатори на напон, преобразувачи на фреквенција со природна и присилна комутација. Матрични преобразувачи. Вовед во основните принципи на заштита на енергетските електронски компоненти и преобразувачи - разладни тела, кола за придушување, напонска и струјна заштита. Преглед на примената на системите на енергетската електроника: непрекинати извори за напојување, драјвери за dc мотори, dc серво драјвери, драјвер за индукционен мотор, уреди за загревање и ладење, var компензација, инретконекција на хидро и ветрогенератори. Оптимизација на врските кај системите од енергетската електроника.

Литература:

  1. Гоце Љ. Арсов, “Основни кола во енергетската електроника”, интерна скрипта, ФЕИТ–Скопје, 2000
  2. Mohan N., Undeland T, Robbins W., “Power Electronics - Converters, Applications and Design, 3-rd Ed.”, Wiley, 2007
  3. F. L. Luo, H. Ye, M. H. Rashid, “Digital Power Electronics and Applications”, Elsevier Academic Press, 2006