Лични алати
Пријави се

Законска и индустриска метрологија

Предмет: Законска и индустриска метрологија

Код: ФЕИТ03001

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: вон. проф. д-р Марија Чундева-Блајер

Содржина на предметната програма: Место, улога и области на примена на законската метрологија. Терминологија на законска метрологија. Меѓународна метрологија, организација, меѓународни системи на единици и еталони. Обезбедување единство на мерењата и споредливост на мерните резултати. Регулатива во метролошка контрола. Регулатива за мерните инструменти. Мерни стандарди, калибрација и верификација на уреди. Акредитација на метролошките лаборатории / телата за оцена на сообразност.

Место, улога и развој на индустриска метрологија. Метролошка и инфраструктура на квалитет. Национален метролошки систем, примарни лаборатории, секундарни лаборатории, калибрациски и тест лаборатории. Прецизни мерења на електрични и неелектрични големини во индустриски апликации. Дисеминација на вредностите на физички големини. Интелигентна индустриска метрологија. Управување со квалитет во мерењата и калибрациите. Интеркомпарации и испитување на мерната способност. Софтверска поддршка за индустриска метрологија.

Литература:

  1. D. Placko (ed.), Metrology in Industry: the key for quality, ISTE, 2006
  2. Fluke Corporation, Calibration: Philosophy in “Practice”, Fluke Corporation, 1994
  3. R. Malarić, “Instrumentation and Measurement in Electrical Engineering”, Brown Walkner Press, Boca Raton, Florida, USA, 2011
  4. OIML документи и публикации http://www.oiml.org/publications
  5. ISO документи и публикации http://www.iso.org/
  6. IEC документи и публикации http://www.iec.org/