Лични алати
Пријави се

Стандарди и регулатива за радиофреквенциски спектар

Предмет: Стандарди и регулатива за радиофреквенциски спектар

Код: ФЕИТ10024

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Д-р Владимир Атанасовски

Содржина на предметната програма: Регулатива во домен на радиофреквенциски спектар. Стратегии за алокација на спектар. Релевантни препораки и стандарди. Разлики на глобално ниво. Стандардизациски и регулаторни тела за радиофреквенциски спектар на глобално и локално ниво (ITU, ETSI, ISO, форуми). Значење на стандардизацијата. Релевантни документи и нивен домен на влијание (обврзувачки/необврзувачки). Организираност на работа. Флексибилно управување со спектар. Можности за реискористување на спектар. Релевантни сценарија и нови бизнис модели при флексибилно управување со спектар. Анализа на моментално актуелни стандарди во областа (на пр. IEEE P1900, IEEE 802.19, IEEE 802.22 итн.). ITU регулатива за мониторинг на спектар. Препораки и стандарди. Трендови во мониторинг на спектар (на пр. TDOA-базирана геолокација на трансмитери, комбинација на AoA/TDOA итн.). Стандардизирана мерна методологија за мерење на карактеристиките на безжичните сигнали (амплитуда, фреквенција, фаза, отстапување). Стандардизирана опрема за мерење и набљудување на радиофреквенциски спектар. Потреба од едукација во област на стандардизација и регулатива за радиофреквенциски спектар.

Литература:

  1. I. Walden, “Telecommunications Law and Regulation”, Oxford University Press, 2012.
  2. R. A. Saeed, S. J. Shellhammer, “TV White Space Spectrum Technologies: Regulations, Standards and Applications”, CRC Press, 2011.
  3. ITU, “Handbook on Spectrum Monitoring”, ITU, 2011.