Лични алати
Пријави се

Регулатива во железничкиот транспорт

Предмет: Регулатива во железничкиот транспорт

Код: ФЕИТ00030

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: вон.проф. д-р Зоран Кракутовски

Содржина на предметната програма:

1. Железнички транспорт: поделба на железничкиот транспорт, предности и недостатоци на железничкиот транспорт.

2. Глобализација и либерализација на железничкиот транспорт: влијанието на железничкиот транспорт во процесите на глобализација, поделба на железничките компании – разни форми на поделба, ЕУ политика во доменот на железничкиот транспорт.

3. Легислатива во железничкиот транспорт: домашна легислатива, УИЦ документи, местото, улогата и одговорностите на секој чинител во одвивањето на железничкиот транспорт, технички стандарди за интероперабилност на железничкиот транспорт – ЕУ директиви, искуства од примената на ЕУ легислативата во државите од ЕУ, Југоисточна Европа и Република Македонија.

4. Планирање и менаџирање на проекти од железничкиот транспорт: железницата и социо-економскиот развој на општеството, конкурентност и влијанија на железницата врз опкружувањето, студии за оправданост на инвестициите во железницата и методи на финансирање, управување со проекти за изградба на нови пруги, реконструкција и одржување на постоечките пруги, планирање на активностите.

Литература:

  1. V.A. Profillidis, „ Railway Management and Engineering – third edition “,Ashgate, USA, 2009.
  2. Coenraad Esvald, „Modern Railway Track“, МRT Productions, Germany, 1989.
  3. European Commission - DGREGIO, „Guide to Cost-Benefit Analysis of investment projects “, 2008.
  4. Official Journal of the EU 191/1 „Interoperability of the rail System “, 2008/2011.