Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 17 - Регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај (17-РЕЕКС) Истражувачки проект од областа на регулативата во енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот

Истражувачки проект од областа на регулативата во енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот

Предмет: Истражувачки проект од областа на регулативата во енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот

Код: ФЕИТ17

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: ментор

Содржина на предметната програма: Методологија на научно-истражувачката и апликативната работа. Избор и проучување на релевантна литература за истражувањето. Поставување на предмет, методи и цели на истражувањето. Дефинирање на методите на истражување. Собирање и обработка на податоци. Поставување на експеримент. Поставување на симулациска или лабораториска околина. Подготовка на тези за пријава на магистерска работа.

Литература:

  1. Актуелна литература од релевантни научно-истражувачки списанија и конференции
  2. Публикации, студии и извештаи на стручни работни тела
  3. Законски и подзаконски акти и други материјали