Лични алати
Пријави се

Енергетска политика и безбедост

Предмет: Енергетска политика и безбедост

Код: ФЕИТ02006

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Горан Рафајловски

Содржина на предметната програма:

Улогата на Меѓународната агенција за обновливи извори на енергија (International renewable energy agency) или ИРЕНА формирана од преставници на Влади од преку 100 држави меѓу кои и Р.Македонија во глобалната енергетска политика. ИРЕНА како надополнување или пак противтежа на Интернационалната Агенција за Енергетика (IEA) и Интернационална Агенција за Атомска Енергија (IAEA).

Енергетска Сигурност на ЕУ и улогата на Балканот. Балканот како поле на енергетско-политичко влијание меѓу Русија од една страна и САД и ЕУ од друга.

ЕУ и земјите од Југоисточна Европа: Мултилателарни договори во новата заедница на демократски држави – Договор за создавање на Енергетска Заедница  на земјите од ЈИЕ (Treaty Establishing the Energy Community). Стратегија на ЕУ и САД за енергетска независност и улогата на Кавкаскиот Регион и Турција.

Хармонизирање на енергетската регулатива, јакнење на доверба и регионална оработка на полето на електрична енергија и гас и идното интегрирање во заедничкиот пазар на ЕУ.

Литература:

  1. Al Gore: Earth in Balance Ecology and Human spirit, Houghton Miftlin Co Boston,1992
  2. E.s Casedy, P.S. Grossman: Introduction to Energy, Cambridge University Press, 1998
  3. Daniel Yergin: The Quest : Energy Security and the remaking of the modern world, Penquin 2012
  4. R.Socolow, S.Pacala: Stabilization Wedges, Science 2012
  5. D.B.Botkin, E.A.Keller: Environmental Science, Wiley New York, 2003