Лични алати
Пријави се

Функционирање на пазарите на електрична енергија

Предмет: Функционирање на пазарите на електрична енергија

Код: ФЕИТ09015

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Весна Борозан

Содржина на предметната програма: 1. Политика на електроенергетскиот сектор и законски и организациони модели на конкуренцијата: Монопол, Модел на единствен купувач, Трговија на големо, Трговија на мало; 2. Потреба од уреден пазар на електрична енергија, Типови на пазари на електрична енергија: Билатерални договори; Централизирани пазари на електрична енергија; 3. Билатерални договори: Физички договори, Договори за период однапред, Договори за во иднина, Опции, Договори за разлика; 4. Централизирани пазари на електрична енергија: Директен (спот) пазар – Пазар на ден однапред, Берза на електрична енергија, Дневен пазар на електрична енергија, Пазар на балансна енергија; 5. Пазарни функции на операторите на електропреносните системи: Пазар на помошни услуги: Помошни услуги, Потреба од помошни услуги, Набавка на помошни услуги, Учество на пазарот на балансна енергија; 6. Потреба од регулатива во пазарот на електрична енергија: Регулирани дејности - Преносни и дистрибутивни услуги и оператори на системите, Преносни услуги и оператор на преносниот систем: Децентрализирано тргување преку преносен систем, Централизирано тргување преку преносен систем, Загушувања; 7. Модел на пазар на електрична енергија во Република Македонија: Закон за енергетика, Правила за пазар на електрична енергија, Правила за доделување на преносни прекугранични капацитети на интерконективните врски на електроенергетскиот систем на Република Македонија; 8. Модел на регионален пазар на електрична енергија во Југоисточна Европа: Децентрализиран модел на регионален пазар, Координирана аукција на прекугранични капацитети.

Литература:

  1. F. P. Sioshansi, „Competitive Electricity Markets: Design, Implementation, Performance“, Elsevier Ltd., 2008
  2. C. W. Jones (Ed.), „ EU Energy Law – Volume 1, The Third Internal Energy Market, The Third Liberalisation Package“,Claeys & Casteels, 2010
  3. M. Shahidehpour, H. Yamin, Z. Li, „Market Operations in Electric Power Systems - Forecasting, Scheduling, and Risk Management“, IEEE Press, Wiley-Interscience, A John Wiley & Sons, Inc., 2002
  4. N. Katic, V. Borozan, S. Halilcevic, „Ekonomija elektroenergetskih sistema“,CEFES – EU Tempus Project CD JEP-18126-2003, 2007
  5. D. Buschle, H. Lesjak (Eds.), „The Energy Community Legal Framework 2010“, Energy Community Secretariat, 2010
  6. Предавања, презентации, студии, извештаи на стручни работни тела, законски и подзаконски акти и други материјали.