Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 16-Микро и нанотехнологии (16-МНТ) Техники за дизајн на наменски компјутерски системи

Техники за дизајн на наменски компјутерски системи

Предмет: Техники за дизајн на наменски компјутерски системи

Код: ФЕИТ07011

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Аристотел Тентов

Содржина на предметната програма: Вовед во наменски компјутерски системи. Историја и преглед на вградливи нанменски системи. Систем-на-чип дизајн. Архитектура на вградливи компјутерски системи. Модели и методологии на системски дизајн. Рапределба помеѓу хардвер и  софтвер. Дизајн на наменски компјутерски системи. Моделирање и симулација на системи-на-чип Функциско-архитектурен кодизајн Дизајн за базиран на дестинациската платформа Пресликување на архитектура.

Јазици за опис на хардверот. (Verilog HDL, VHDL, SystemC). Верификација на дизајн и тестабилност кај вградливи системи.

Систем на чип (SoC) и IP-јадра. Користење на IP-јадра за дизајн на систем-на-чип.

Техник за дизајнирање на енергетски ефикасни и зелени (green) наменски и стандардни компјутерски системи. Генерален Влез/Излез. Сериски комуникации (I2C, SPI IrDA, Uarts). Аналоген Влез/Излез.

Микроконтролери 8-битни и 16-битни, Меморија, Влез/Излез, асемблерско програмирање. Компјутерски мрежи во индустриски услови. Апликации во индустриски услови. Работа во реално време.

Хардверско-софтверски интерфејси и реконфигурабилно пресметување. Дизајн на комуникациски дел за вградливи компјутерски системи. Проектирање на енергетски ефикасни компјутерски системи со многу висока  пресметувачка моќ. Синтеза на интерфејси.

Јазици за опис на дигитални електронски склопови. Околини за проектирање и развој на дигитални интегрирани кола. Практични примери за проектирање интегрирани кола.

Литература:

  1. М. Balch, “Complete Digital Design”, McGraw-Hill ISBN 10: 0-07-143347-3 ISBN 13: 0-07-140927-0, 2000
  2. M. Gilliland, K. Gracey, “The Microcontroller Application Cookbook”, Woodglen Press, 2000
  3. D. M. Harris, S. L. Harris, “Digital Design and Computer Architecture, 2nd Edition”, Morgan Kaufman ISBN: 9780123944245, 2012