Лични алати
Пријави се

Симулација на полупроводнички елементи и процеси

Предмет: Симулација на полупроводнички елементи и процеси

Код: ФЕИТ00023

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Драгица Василеска

Содржина на предметната програма: Компјутациона електроника: Историја на развојот на транзисторите. Зошто компјутациона електроника? Физика на полупроводнички елементи: Енергетска структура на полупроводници, динамика на подвижни носители, полукласична транспортна теорија, Болцманова транспортна равенка, процеси на расејување, RTA апроксимација. Преглед на нумерички анализи: директни и итеративни методи. Дрифтно-дифузен модел: физички ограничувања, методи за решавање на ДД-равенки, примери за примена на ДД-равенките. Моделирање на подвижност на носители на електрицитет: модели  за подвижност на носители што се користат во комерцијални симулатори. Хидродинамички модел. Комерцијални симулатори: PADRE, Silvaco и DESSIS. Модели на струјата на тунелирање низ гејтот: типови тунелирање низ гејтот. Квантни ефекти.

Литература:

  1. D. Vasileska and S. M. Goodnick, “Computational Electronics”, Morgan and Claypool, 2006