Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 16-Микро и нанотехнологии (16-МНТ) Проектирање системи со аналогни и комбинирани сигнали

Проектирање системи со аналогни и комбинирани сигнали

Предмет: Проектирање системи со аналогни и комбинирани сигнали

Код: ФЕИТ05020

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. Јосиф Ќосев

Содржина на предметната програма: Преглед на моделирање на уреди со CMOS процес; Моделирање пасивни компоненти и нивни паразити; Моделирање на MOS транзистори со големи и малисигнали. Основи на CMOS засилувачи; Засилување и пропусна моќ; Каскадни степени; Дифренцијален засилувач; Разгледување на компатибилност на уреди. Струјни и напонски извори; Основни струјни огледала; Струјни огледала со високи перформанси; Едноставни напонски референци. CMOS операциски засилувачи; Основни барања; Едноставна 2-степена архитектура; Разгледувања на стабилноста и компензација на доминантниот пол; Излезни бафери; Едностепени засилувачи; Комплетни дифренцијални засилувачи. Шум кај MOS колата; Преглед на основите; Термички 1/f шум на уред; Шум кај засилувач; Шум кај степените на засилувач; Стабилизација на чопер за 1/f шум; kT/C шум. Базични CMOS логички структури. Кола за конверзија на податоци; Основни барања; Едноставни скалирања на струја и напон кај D/A; Компаратори; Интегрирачки A/D; A/D со прераспределба на полнеж; Flash A/D; Sigma-Delta A/D. Филтри со прекинувачки кондензатор; Филтри со континуирано време, Фазна јамка.

Литература:

  1. B. Rаzavi, “Design of analog CMOS integrated circuits”, McGraw Hill, 2001
  2. R. Jacob Baker, “CMOS Circuit Design, Layout, and Simulation, 3rd Edition”, Wiley, 2012
  3. R. Jacob Baker, “CMOS: Mixed-signal circuit design, Second edition”, Wiley, 2008