Лични алати
Пријави се

Управување со квалитет

Предмет: Управување со квалитет

Код: ФЕИТ03013

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Живко Коколански

Содржина на предметната програма: Поим за квалитет и политика за квалитет. Организација и раководење. Процесен пристап кон организацијата и менаџмент системот. Оптимизација на токовите на информациите. Документација. Барање на стандардот за управување со квалитетот ИСО 9001. Други меѓународни стандарди за управување со квалитетот, компетентноста и безбедноста. Пристап кон тотален квалитет. Шест сигма квалитет. Статистички методи за проценка на квалитет: мерки за централна тенденција, дисперзија, асиметрија, концентрација и тестирање на статистички хипотези. Контролни графици, парето дијаграми, хистограми. Статистичко земање примероци. Студиски примери на менаџмент системи за квалитет.

Литература:

  1. Amitava Mitra, Fundamentals of Quality Control and Improvement, Wiley & Sons, 2008
  2. Douglas C. Montgomery, Statistical Quality Control, Wiley & Sons, 2012
  3. Ryan P. Tomson, Statistical Methods for Quality Improvement, Wiley & Sons, 2011