Лични алати
Пријави се

Проектен менаџмент

Предмет: Проектен менаџмент

Код: ФЕИТ04016

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Вангел Фуштиќ

Содржина на предметната програма: Вовед во проектен менаџмент, развој, цели и општи карактеристики. Проекти, дефиниција, нивно значење и улога во успешноста на бизнисот. Водење и менаџирање проекти во современо деловно опкружување. Стандардизација во проектен менаџмент. Project Management Body of Knоwledge-PMBOK водич во проектниот менаџмент. Категоризација на проектите. Проектни параметри и проектно планирање. Современа организација и прилагодување на проектите – Проектно портфолио. Организирање на проектни тимови. Проект менаџер. Документација во проекти (коресподенција, основна документација, тендери, понуди, договори). Обем на работите, граници на работите и менаџирање на промени. Работен план и програма. Бизнис план. Економски аспекти на проектите и менаџирање на трошоците. Анализа Трошоци-Ефекти. Готовински тек (Cash-flow). NPV, IRR и други критериуми за избор на проектна варијанта. Менаџирање на параметрите време и квалитет. Селекција на конкурентски проекти. Примери на реални проекти: D, B, DB, DBOT, ROT, DROT проекти и специфичности со припадна документација. Комерцијални, технички, социјални, институционални, финансиски и економски аспекти на проектите. Аспекти на животната средина.  Менаџмент на ризик и можности во комплексни проекти. Извештаи и презентација на проекти. Случаи за анализа. Учење од проектите.

Литература:

  1. C. Gray & Larson, Project management, Mc Grow Hill, 2003.
  2. Garet Jones, Современ менаџмент, Mc Grow Hill (Програма на Владата на РМ), 2007.
  3. H. Kerzner, Project management:  Approach to Planning, Schedulling and Controlling, Willey, 2001.
  4. Scientific papers and publications, Harward Business Review, PM Network, IEEE Engineering Mangement , in last 10 years.
  5. V. Fustik, Case studies, FEIT, e-version, 2010.