Лични алати
Пријави се

Мерна неодреденост и калибрација

Предмет: Мерна неодреденост и калибрација

Код: ФЕИТ03005

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Владимир Димчев

Содржина на предметната програма: Запознавање со теоријата на мерна неодреденост според „Прирачникот за изразување на мерната неодреденост“ (GUM, 1995, ISO – Geneva) и „Изразување на мерната неодреденост при калибрација“ (ЕА-4/02, 1999). Објаснување на користените поими и дефиниции. Дефинирање на мерната неодреденост од тип А. Нормална и правоаголна дистрибуција на мерните резултати и коефициенти на чуствителност. Дефинирање на мерна неодреденост од тип Б. Примери за примена на мерна неодреденост при калибрација на универзални инструменти, мерни отпорници и мерења на други физички величини. Објаснување како правилно се толкуваат спецификациите за грешки дадени од производителите на мерна инструментација. Евалуација на мерните резултати со Монте Карло методот. Примарни и секундарни еталони за напон, струја и отпорност. Калибрациона опрема, калибрација на дигитален мултиметар и осцилоскоп, автоматска калибрација. Спецификација на работни услови.

Литература:

  1. BIMP-JCGM 100:2008, Evaluation of measurement data – Guide to the Expression of Uncertainty in Measurement, JCGM – Joint Committee for Guides in Metrology, 2008.
  2. European Cooperation for Accreditation, EA-4/-2 – Expression of the Uncertainty of Measurement in Calibration, European Accreditation, 1999.
  3. C. F. Dietrich, Uncertainty, Calibration and Probability, Adam Hilger  2 edition, 1991.