Лични алати
Пријави се

Нумерички и компјутеризирани методи во метрологија

Предмет: Нумерички и компјутеризирани методи во метрологија

Код: ФЕИТ03003

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: вон. проф. д-р Марија Чундева-Блајер

Содржина на предметната програма: Вовед во компјутерски и нумерички методи во метрологијата. Методи за анализа на мерни уреди и нивните метролошки карактеристики. Моделирање, идентификација и анализа на системи во метрологијата. Нумерички методи во метрологија. Методи за анализа на нелинеарни појави во метролошки уреди и системи (метод на конечни диференци, метод на гранични елементи, метод на конечни елементи, хибридни методи). Статичка и динамичка анализа на метролошките карактеристики на мерните уреди. Примена на современи детерминистички и стохастички оптимизациски методи за метролошко усовршување и оптимирање на мерни системи и уреди.

Литература:

  1. F. Pavese, M. Bаer, J-R Filtz, A. B. Forbes, L. Pendrill, K. Shirono, Advanced Mathematical and Computational Tools in Metrology and Testing: AMCTM (Series on Advances in Mathematics for Applied Sciences), World Scientific Publishing Co. Pte. Ltd., 2012
  2. F. Pavese, A. B. Forbes, Data Modeling for Metrology and Testing in Measurement Science (Modeling and Simulation in Science, Engineering and Technology), Birkhauser Boston, Springer Science+Business Media, LLC, 2009
  3. Alan Moris, “Measurement and Instrumentation Priciples”, Butterworth-Heinemann, 2001