Лични алати
Пријави се

Микропроцесорска програмабилна инструментација

Предмет: Микропроцесорска програмабилна инструментација

Код: ФЕИТ03008

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Живко Коколански

Содржина на предметната програма: Вовед во технологиите за развој на програмабилна инструментација: системи на чип (SoC), микропроцесори, полунаменски и наменски интегрирани кола.

Податочни конвертори: аналогно-дигитанлна (AD) и дигитално-аналогна (DA) конверзија, тестирање на AD и DA конвертори, временско-дигитална конверзија. Електронски бројачи.  Логички анализатори.  Дигитални осцилоскопи. Системи за анализа на спектар. Дигитални сензорски инструменти. Конвенционални генератори и генератори на случајни сигнали.

Хардверски системи за тестирање на дигитални инструменти. Тестирања базирани на дигитални процесори за обработка на сигнали (DSP). Тестирање на аналогни и дигитални канали. Податочни анализи. Инструментациски интерфејси и VLSI тестирање. Интерфејси за автоматизирани мерења.

Програмабилни мерни системи. Проектирање дигитални мерни системи и нивна практична имплементација. Работа во реално време. Тестирање во фаза на развој на микрокомпјутерски инструменти.

Литература:

  1. Nihal Kularatna, Digital and Analogue Instrumentation – Testing and Measurement, Institution of Engineering and Technology, 2008
  2. Dominique Planco, Fundamentals of Instrumentation and Measurements, Antony Rowe Ltd., 2007
  3. Patrick H. Garrett, Multisensor Instrumentation – Six Sigma Design, John Wiley & Sons, 2002