Лични алати
Пријави се

Мерни системи во електроенергетика

Предмет: Мерни системи во електроенергетика

Код: ФЕИТ03006

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Владимир Димчев

Содржина на предметната програма: Вовед во обработка на мерни сигнали во електричните мрежи. Одбрани математички методи кои се користат кај современите дигитални анализатори за мерење на појавите во електричните мрежи. Мерење на квалитет на електрична енергија, приказ на соодветните стандарди. Дигитални инструменти и мрежни анализатори за мерење на параметрите кои го дефинираат квалитетот на електричната енергија.

Методи за мерење на моќности, електрична енергија и фактор на моќност. Обработка на соодветните дигитални инструменти, грешки, резолуција, хардверска структура. Приказ на соодветните микропроцесори кои се користат кај овие инструменти. Пренос на мерни податоци до централните компјутерски системи, жичен и безжичен пренос. Примери на мерни системи во електроенергетиката.

Методи за мерења на отпорот на заземјување и останатите параметрите на заземјувачките системи. Автономни микропроцесорски мерни уреди за мерење отпор на заземјување и специфична отпорност на тлото. Мерење на отпор на заземјување со автономен мерен уред и една или две струјни клешти. Мерни уреди за мерење на отпорот на заземјување на далноводни столбови.

Литература:

  1. M.H.J. Bollen and I. Gu, Signal Processing of Power Quality Disturbances, Wiley – IEEE Press, 2007.
  2. J. Schlabbach et all, Voltage Quality in Electrical Power Systems, IEE, London., 2001.
  3. IEEE/ANSI, IEEE Std. 80-2000, Guide for Safety in AC Substation Grounding, IEEE 2000.