Лични алати
Пријави се

Управување на ЕЕУ и можности за подобрување на енергетската ефикасност

Предмет: Управување на ЕЕУ и можности за подобрување на енергетската ефикасност

Код: ФЕИТ02019

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Горан Рафајловски

Содржина на предметната програма:

Вовед во енергетска ефикасност од аспект на регулациони техники применети за регулација на брзината, моментот и факторот на моќност на електричните машини. Динамички режими на работа на електричните мотори од аспект на енергетската ефикасност. Системи за управување на електричните машини за зголемување  на нивната ефикасност. Различни техники на регулација применети кај МНС со зголемена ефикасност: Скаларни методи на регулација на брзината и векторски методи за динамичка контрола на факторот на моќност. Примена на модерни регулатори (адаптивни и обсервери) за регулација на моментот и брзината  со зголемена енергетска ефикасност. Потенцијали за штедење на електрична енергија кај моторите со променлива брзина.

Литература:

  1. John Chiasson: Modelling and high performance control of electrical machines, IEEE Press on Power Engineering,2005
  2. Горан Ристо Рафaјловски:  Електрични мотори динамика и управување, Универзитет св. Кирил и Методиј, Скопје, ФЕИТ, 2012
  3. B.K.Bose: Modern Power Electronics and AC Drives, Prentice Hall , Upper Saddle River, NJ,2012
  4. I. Boldea S. A. Nasar: The Induction Machine Handbook, Electric Power Engineering Series, CRC; 1 edition, 2001
  5. Math.H.J. Bollen: Understanding Power Quality Problems, IEEE Press, New York,2010
  6. European Commission Power Electronics  Committee ECPE: Position Paper Energy Efficiency, European Commission 2007