Лични алати
Пријави се

Мониторинг на животна и работна средина

Предмет: Мониторинг на животна и работна средина

Код: ФЕИТ03009

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: вон. проф. д-р Марија Чундева-Блајер

Содржина на предметната програма: Вовед. Типови на мониторинг на околината. Организација на мониторингот на околината. Аналитички мерни методи за определување на параметрите на медиумите во животната и работната средина. Сетила и електрични постапки за мониторинг на притисок, брзина и проток на флуиди, температура, ниво на течности, влага, осветленост. Магнетни мерења. Биосензори. Инструментациски методи мерење на ниво на бучава и вибрации. Извори на јонизирачки зрачења и нивни биолошки ефекти. Мерни постапки за детекција на јонизирачки зрачења. Елементи на мерен систем за мониторинг. Автоматизирани мерни системи за мониторинг. Далечински мерни методи за мониторинг и детекција на загадување на животна и работна средина. Системи за аквизиција и чување на мерни податоци од мониторинг. Развој на нови платформи и техники за процесирање на мерни сигнали при детекција на потенцијални извори за контаминација и мониторинг на квалитетот на воздухот, водата и почвата. Примена на софтверски алатки при мониторинг. Обезбедување и контрола на квалитетот при мерењето на параметрите на животната и работната средина, намалување на мерната неодреденост. Калибрација на системите за мониторинг.

Литература:

  1. Krawczuk, R. Kubacki, S. Wiak, C. Lemos Antunes, "Electromagnetic Field, Health and Enviroment", IOS Press, Amsterdam, 2008
  2. J. Gardner, V. K. Varadan. O. Awadelkarim, "Microsensors, MEMS, and smart devices", John Wiley & Sons Ltd, West Sussex, 2001
  3. Alan Moris, “Measurement and Instrumentation Priciples”, Butterworth-Heinemann, 2001