Лични алати
Пријави се

Енергија и ефикасност за одржлива иднина

Предмет: Енергија и ефикасност за одржлива иднина

Код: ФЕИТ06009

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: вон. проф. д-р Снежана Чундева

Содржина на предметната програма:

Светска енергетска состојба - Историјат. Потрошувачка на енергија во светот и кај нас. Ограничени ресурси.

Влијание на енергетската потрошувачка врз животната средина - Климатски промени, биолошки влијанија врз човек. Регулативи и енергетска политика - Кјото протокол, Програма 20-20-20, национални стратегии за енергетска ефикасност и одржлив развој.

Одржлив развој - Намалување на емисиите од стакленички гасови,  обезбедување енергија  од обновливи извори, подобрување на енергетската ефикасност.

Енергетска ефикасност и електрична енергија. Мерки за енергетска ефикасност во индустриски сектор. Енергетски ефикасни електрични апарати - стандарди и ознаки, паметни електрични апарати, кориснички интерфејси.

Литература:

  1. Mulder, K., Sustainable development for engineers, a handbook and resource guide, Delft University of Technology, Netherlands, 2006
  2. Portali: Sustainable_development и UNEP документи,  United Nation Environmental Program, 2012
  3. L. Freris, D. Infield, Renewabe Energy in Power Systems, Wiley, 2008