Лични алати
Пријави се

Енергетски ефикасни електрични машини и трансформатори

Предмет: Енергетски ефикасни електрични машини и трансформатори

Код: ФЕИТ02007

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Содржина на предметната програма: Вовед во енергетска ефикасност од аспект на електричните машини и трансформатори. Класи на енергетска ефикасност за електрични машини и трансформатори. Нови тенденции во развојот и предизвици. Материјали и технологија за производство. Методологија за намалување на потрошувачката на енергија во електроенергетските уреди. Избор и примена на методи за проценка на загубите.

Режими на работа на електричните мотори од аспект на енергетската ефикасност. Видови на загуби на моќност.. Можности и стратегии за заштеда на енергијата во погони со електрични машини. Системи за управување на електричните машини за зголемување на нивната ефикасност.

Влијание на режимите на работа врз енергетската ефикасност на трансформаторите. Примена на нови технологии во производство на трансформатори за намалување на загубите и зголемување на нивната ефикасност. Методологија за избор на трансформатори.

Литература:

  1. Ali Emadi, “Energy-Efficient Electric Motors”, Taylor & Francis, 2004
  2. B.W.Kennedy, “Energy Efficient Transformers”, McGraw-Hill Professional; 1 edition, 1997
  3. N. D. Sadanandan, “Energy Efficient Motors Reference Guide”, University Press of the Pacific, 2005
  4. H.E. Jordan, “Energy-Efficient Electric Motors and Their Applications”, Springer, USA, 1994