Лични алати
Пријави се

Електромагнетно моделирање

Предмет: Електромагнетно моделирање

Код: ФЕИТ06007

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Леонид Грчев

Содржина на предметната програма:

Преглед на нумерички методи во моделирање на електромагнетните појави.  Анализа на проблеми во фреквенциски и временски домен. Дефинирање на математички модел и основни релации. Методи на решавање на диференцијални равенки и интегрални равенки. Метода на конечни елементи. Метода на конечни разлики. Метода на моменти. Моделирање на транзиентни феномени. Преглед на развојот на методи за анализа на електромагнетни транзиенти во системи на проводници со концентрирани и дистрибуирани параметри. Високофреквентна и транзиентна анализа.

Литература:

  1. N.O. Sadiku, „Numerical techniques in electromgnetics“, 2nd Ed, CRC, Boca Raton, 2000.
  2. R. Harrington, M.V. Ianoz, T. Karlsson, „Field computation by moment methods“, Wiley, N.Y., 2001.
  3. P. Chowdhuri, „Electromagnetic Transients In Power Systems“,Wiley, N.Y., 1976.