Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 14 - Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој (14-ЕСОР) Еколошки и енергетски ефикасни технологии за производство на електрична енергија

Еколошки и енергетски ефикасни технологии за производство на електрична енергија

Предмет: Еколошки и енергетски ефикасни технологии за производство на електрична енергија

Код: ФЕИТ04004

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: доц. д-р Софија Николова-Поцева

Содржина на предметната програма: Зголемување на енергетската ефикасност во производството на електрична енергија. Нови технологии и методи за согорување на јагленот. Технологии со кои се врши физичко прочистување на јагленот пред неговото согорување во котелот на ТЕЦ. Технологии кои вршат обработка на гасовите кои настануваат при процесот на согорување пред истите да го напуштат котелот на ТЕЦ. Технологии со кои се врши обработка на излезните гасови. Технологии за горење на јагленот во флуидизиран слој. Искористување на природниот гас како енергетски ресурс и како еколошки поволно гориво. Гасни турбини и нивна примена во гасни електрани со комбиниран циклус. Постројки за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија. Еколошки прифатливи технологии за производство на електрична енергија од ОИЕ во прилог на енергетската ефикасност.

Литература:

  1. Gilbert M. Masters, “Renewable and Efficient Electric Power Systems”, John Wiley & Sons, 2004
  2. Nicholas P. Cheremisinoff, “Clean Electricity Through Advanced Coal Technologies: Handbook of Pollution Prevention and Cleaner Production”, Elsevier Inc., 2012.
  3. 3. R.Kehlhofer, B. Rukes, F. Hannemann, F. Stirnimann, “Combined-Cycle Gas & Steam Turbine Power Plants, 3rd Edition”, PennWell Corporation, 2009.
  4. Tony Giampaolo, “Gas Turbine Handbook: Principles and Practice, 4th edition”, The Fairmont Press, 2011.
  5. Volker Quaschning, “Understanding Renewable Energy Systems”, Carl hanser verlag gmbh & co. Kg, 2005.