Лични алати
Пријави се

Техники на истражувањe во телекомуникациите

Предмет: Техники на истражувањe во телекомуникациите

Код: ФЕИТ10032

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Перо Латкоски

Содржина на предметната програма: Основни фази на истражувачкиот процес специфичен за проблемите од областа телекомуникации. Основи на аналитичко и емпириско научно истражување. Експериментално базирано истражување и анализа во телекомуникациите. Описни статистики и тестирање на хипотези.Формални и симулациски базирани методи за истражување на перформансите на телекомуникациските протоколи, мрежи и системи.Комбинирање на научно - истражувачки методи и споредба на резултати.Етика на истражување. Дисеминација на резултати од истражувањето. Изработка на студија. Изработка на демонстрација (демо платформа). Изработка на прототип. Научно-истражувачка публикација (труд на конференција, списание, теза). Презентирање на резултати.

Литература:

  1. Jason S. Wrench, Candice Thomas-Maddox, Virginia Peck Richmond, James C. McCroskey, “Quantitative Research Methods for Communications,” Oxford University Press, 2008.
  2. Gerianne Merrigan, Carole L. Huston, ”Communication Research Methods,” Oxford University Press, 2008.
  3. Thomas R. Lindlof, Bryan C. Taylor, “Qualitative Communication Research Methods,” Sage Publications, 2002.