Лични алати
Пријави се

Следна генерација оптички мрежи

Предмет: Следна генерација оптички мрежи

Код: ФЕИТ10022

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Борислав Поповски

Содржина на предметната програма: Споредба на технологиите, сервиси, развој на оптичките мрежи. Клиентски оптички мрежи: IP, MPLS, GMPLS, Gigabit-Ethernet (GbE), Storage-Area Networks (SAN).

Мрежи со рутирање по бранови должини (WDM). Оптичко ниво, степен на претворање на бранови должини, дизајн (LTD), сообраќајни модели и критериуми за квалитет, рутирање и доделување на бранови должини (RWA). OTN стандарди.

Управување со конфигурацијата на оптичките мрежи. Управување со конекциите, адаптација, контролна рамнина на оптичко и клиентско ниво.

Фотонска комутација OBS, OPS. Поларизациско Мултиплексирање (PolDM). Синхронизација. Процесирање на заглавија. Баферирање.

Пристапни мрежи. Преглед на мрежни архитектури, постоечки и идни пристапни мрежи, HFC, FTTH, FTTC, архитектура на оптички пристапни мрежи. Пасивни оптички мрежи (PON). EPON, GPON, WPON, WRPON. Реализација. TDMA и WDMA пристап.

Интелигентни оптички транспортни системи (on-board автомобилски мрежи, оптички мрежи кај леталата). Оптички мрежи за дистрибуирани антенски системи. Оптички безжични системи.

Литература:

  1. Biswanath Mukherjee, “Optical WDM Networks,” Springer, 2006.
  2. Thomas E. Stern, Georgios Ellinas, Krishna Bala, “Multiwavelength Optical Networks,” Cambridge University Press,2009.
  3. Leonid G. Kazovsky, Ning Cheng, Wei-Tao Shaw, David Gutierrez, Shing-Wa Wong, “Broadband optical access networks,” John Wiley & Sons, 2011.