Лични алати
Пријави се

Радио мобилни комуникации

Предмет: Радио мобилни комуникации

Код: ФЕИТ10019

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Зоран Хаџи-Велков

Содржина на предметната програма: Принципи на мобилните телекомуникации. Карактеризација на мобилен фединг канал (теснопојасен и широкопојасен). „Озвучување“ на радио канал. Моделирање на мобилен фединг канал. Капацитет на мобилен канал. Влијание на мобилноста врз дизајнот и перформансите на предавателот и приемникот. Капацитет на мобилен ТК систем. Канална интерференција во мобилни системи. Намалување на влијанието на интерференцијата. Техники, алгоритами и алатки за оптимално позиционирање на базни станици. Доделување на работни канали и резервација на други радио ресурси. Алокација на моќност во мобилни и базни станици. Откривање и локализирање на мобилни станици. Кооперативни мобилни комуникации. Фединг во кооперативни канали со мобилни јазли. Релејни радио канали. Целуларни кооперативни комуникациски системи.

Литература:

  1. J. Schiller, Mobile Communications, 2-ро издание, Addison-Wesley, 2013
  2. G. Stuber, Principles of Mobile Communications, 3-то издание, Springer, 2012
  3. M. Simon и M.S. Alouini, Digital Communications over Fading Channels, 2-ро издане, Wiley-IEEE Press, 2005