Лични алати
Пријави се

Кооперативни комуникации

Предмет: Кооперативни комуникации

Код: ФЕИТ10008

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: д-р Зоран Хаџи-Велков

Содржина на предметната програма: Безжични релејни канали. Капацитет на кооперативни канали. Капацитивен регион на системи со три јазли. Кооперативен диверзитет, стратегии за мал и голем однос сигнал-шум. Кооперативни комуникации со едно реле. Транспарентни и регенеративни релејни техники. Анализа на перформанси на различни кооперативни протоколи. Кодирана кооперативност. Дизајн на кодови. Дистрибуирано просторно-временско и просторно-фреквентно кодирање. Дистрибуирано мрежно кодирање.

Кооперативни комуникации со повеќе јазли. Дистрибуирана оптимизација на системот. Оптимална алокација на моќноста. Кооперативни техники со избор на реле. Зголемување на покриеноста преку кооперативност. Алгоритами за доделување на релиња. Кооперативни и релејни мрежи. Кооперативни целуларни мрежи. Мрежни модели, мрежен капацитет. Кооперативни техники со повеќекратен пристап. Дистрибуирано кооперативно рутирање.

Примена на кооперативните комуникациски техники во телекомуникациските системи од следна генерација.

Литература:

1.       Mischa Dohler, Yonghui Li, “Cooperative Communications: Hardware, Channel & PHY,” Wiley Inc,2010.

2.       K. J. Ray Liu, A. K. Sadek, W. Su and A. Kwasinski, “Cooperative Communications and Networking.” Cambridge University Press,2009.