Лични алати
Пријави се

Дизајн на телекомуникациски мрежи

Предмет:Дизајн на телекомуникациски мрежи

Код: ФЕИТ10004

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Тони Јаневски

Содржина на предметната програма: Анализа на телекомуникациски сообраќај: мобилен сообраќај, Интернет сообраќај, хетероген сообраќај. Моделирање на телекомуникациски мрежи. Моделирање на протоколи, апликации и сервиси во телекомуникациски мрежи. Топологии на телекомуникациски мрежи. Контрола на протокот и рутирање. Контрола на пристапот и распределба на ресурсите во пристапни мрежи и скелетни мрежи. Перформанси на мрежните јазли (рутери, комутатори) и на техниките за пристап до мрежата. Дизајн на телеком операторски мрежи. Дизајн на безжични мобилни мрежи со дадени перформанси (WLAN, WiMAX, 3G, 4G). Дизајн на мрежи за Интернет сервиси во реално време. Техники за подобрување на квалитет на сервисот. Анализа на квалитет на сервисот (QoS) во телекомуникациски мрежи.

Литература:

  1. Chris Hellberg, Dylan Greene, Truman Boyes, “ Broadband Network Architectures – Designing and Deploying Triple-Play Services,” Prentice Hall, 2007.
  2. Leonhard Korowajczuk, “LTE, WiMAX and WLAN Network Design, Optimization and Performance Analysis,” Wiley, 2011.
  3. Michal Pioro, Deepankar Medhi, “Routing, Flow, and Capacity Design in Communication and Computer Networks,” Morgan Kaufman Publishers, 2004.