Лични алати
Пријави се

Реконфигурабилни мрежи

Предмет: Реконфигурабилни мрежи

Код: ФЕИТ10020

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Лилјана Гавриловска

Содржина на предметната програма: Поим за реконфигурабилност на телекомуникациски системи. Мрежна и корисничка реконфигурабилност. Вертикален хендовер. Транспарентност. Обезбедување QoS од крај до крај во хетерогени мрежи. Стандардизациони активности (IEEE 802.21).

Алгоритми за QoS, управување со мобилност и реконфигурабилност на ресурси во хетерогени сценарија. Користење на медиумски независен хендовер (анг. MIH). Кооперативност во телекомуникациски мрежи.

Когнитивност во мрежи. Софтверски дефинирано радио (анг. SDR). Дизајн на интелигентни уреди со повеќе интерфејси. Дизајн на инфраструктурни компоненти на когнитивни мрежи. Стандардизација (IEEE 802.22).

Адаптивност и реконфигурабилност на поедини слоеви од протоколниот стек. Вертикални меѓунивовски оптимизации (анг. cross-layering) во реконфигурабилни мрежи во статички и динамички услови. Примена на машинско учење и алгоритми од вештачка интелигенција. Поврзување на cross-layering со кооперативност и когнитивност.

Реконфигурабилност на ресурси. Стратегии за доделување канали (статички и динамички). Примена на агенти.

Динамичко управување и користење на спектар. Напредни алгоритми. Композитна радио средина (CRE).

Примена на протоколни подобрувања (анг. protocol boosters).

Реконфигурабилност во хетерогено омрежување.

Идни развојни концепти во хетерогени мрежи.

Литература:

  1. K.C. Chen, R. Prasad, “Cognitive Radio Networks,” John Wiley and Sons, 2009.
  2. I. Cosovic, F. K. Jondral, M. Buddhikot, R. Kohno, “Cognitive Radio and Dynamic Spectrum Sharing Systems,” Hindawi, 2008.
  3. E. Hossain, V. K. Bhargava, “Cognitive Wireless Communication Networks,” Springer, 2007.