Лични алати
Пријави се

Напредни безжични комуникации

Предмет: Напредни безжични комуникации

Код: ФЕИТ10013

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. Венцеслав Кафеџиски

Содржина на предметната програма: Безжични канали: физичко моделирање на фединг канали, основни параметри кај фединг каналите, статистички фединг модели. Системи точка точка: кохерентна и некохерентна детекција, техники на диверзитет (временски, фреквенциски, просторен,  макродиверзитет). Целуларни системи: техники на повеќекратен пристап, TDMA, CDMA и OFDMА системи, управување со интерференцијата, реискористување на фреквенцијата, контрола на моќноста. Бавен фединг, веројатност на испад и капацитет на испад. Брз фединг и капацитет на фединг канали, однесување во региони на висок и низок SNR. Паралелни канали во временски и фреквенциски домен. Повеќекориснички комуникации: капацитет на броадкаст канал и канал со повеќекратен пристап, повеќекориснички диверзитет. MIMO комуникации: капацитет на MIMO канал, моделирање на MIMO канал, просторно мултиплексирање и просторно временско кодирање. Кооперативни комуникации: канал со реле и стратегии на пренос кај канали со релеа. Динамичко искористување на спектарот и когнитивно радио.

Литература:

1.       D. Tse, P. Viswanath, “Fundamentals of Wireless Communication,” Cambridge University Press, 2005.

2.       Andreas F. Molisch, “Wireless Communications,” Wiley, IEEE, 2011.