Лични алати
Пријави се

Напредни безжични и мобилни мрежи

Предмет: Напредни безжични и мобилни мрежи

Код: ФЕИТ10012

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Лилјана Гавриловска

Содржина на предметната програма: Преглед на технологии за безжично омрежување. Напредни решенија на безжични и мобилни мрежи (HSPA+, 3G LTE, IMT-Advanced, сателитски UMTS, Mobile WiMAX, IEEE 802.20, IEEE 802.11n). Преглед на DVB техонологии. Телесообраќаен инженеринг на безжични и мобилни мрежи. Моделирање и димензионирање на безжични и мобилни мрежи. Мрежно планирање. Одредување капацитет на систем и оптимална покриеност.

Анализа на перформанси на алгоритми за управување со радио ресурси во безжични и мобилни мрежи (контрола на моќност, хендовер, пристап, натрупување). Управување со конекции (мобилност, сесии). Анализа на конкретни сценарија. Интеграција на навигациски и комуникациски системи. Локализација на корисник. Локациски базирани сервиси. Ситуациски базирани сервиси.

Напредни решенија за откривање сервиси во безжични и мобилни мрежи. Контекст базирани сервиси. Сензорски мрежи. Напредни алгоритми за контрола и управување со сензорски мрежи. Реализирање конкретни тестни сценарија со сензорски мрежи. Одбрани делови од персонални мрежи (WPAN, WBAN). Развој на медиумски независен хендовер. Стандардизација (IEEE 802.21). Кооперативни мрежи. Социјални, оперативни и комуникациски аспекти. Имплементација. Когнитивни мрежи. Архитектури и протоколи. Фундаментални граници. Спектрална свесност. Стандардизација и нови сандарди (пр. IEEE 802.22, IEEE 802.11p, -af, -ae ),. Развој кон 4G. Стандардизациски активности (3GPP, ITU, ETSI, IEEE 802.x) Иноваивни мрежни решенија.

Литература:

1.       L.Gavrilovska, R.Prasad, “Ad Hoc Networks: Towards Seamless Communications,” Springer, 2006.

2.       M. Sauter, “Beyond 3G – Bringing Networks, Terminals and the Web Together: LTE, WiMAX, IMS, 4G Devices and the Mobile Web 2.0,” John Wiley and Sons, 2009.

3.       F. H. P. Fitzek, M. Katz, “ Cognitive Wireless Networks: Concepts, Methodologies and Visions Inspiring the Age of Enlightenment of Wireless Communications,” Springer, 2007.