Лични алати
Пријави се

Наномрежи

Предмет: Наномрежи

Код: ФЕИТ10011

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Д-р Владимир Атанасовски

Содржина на предметната програма: Поим за нано-машини. Приоди во развој на нано-машини. Очекувани карактеристики. Сигнализација помеѓу клетки. Молекуларни трансивери. Архитектура на нано-машини.

Интерконекција на нано-машини. Техники за комуникација помеѓу нано-машини базирани на наножичани комуникации, безжични оптички комуникации и молекуларни комуникации.

Поим за наномрежи. Карактеристики и компоненти на наномрежи. Типови на наномрежи. Споредба со традиционални комуникациски мрежи. Кратко-дометни (базирани на молекуларни мотори) и далеку-дометни (базирани на феромони) наномрежи.

Нано-електромагнетни комуникации. Терахерцно подрачје и негови карактеристики. Модел на канал. Молекуларна апсорпција. Молекуларен шум.

Информациски капацитет од аспект на теорија на информации.

Моделирање на канал за различни типови наномрежи.

Протоколи за наномрежи.

Апликации на наномрежи.

Симулациски алатки за наномрежи.

Истражувачки предизвици во областа (развој на мрежни компоненти, молекуларна комуникациска теорија, нови архитектури и протоколи).

Литература:

1.       S. F. Bush, “Nanoscale Communication Networks (Nanoscale Science and Engineering),” Artech House, 2010.

2.       L. M. Surhone, M. T. Tennoe, S. F. Hennsonow, “Nanonetwork,” Betascript Publishing, 2011.

3.       C. Huang, “Robust Computing with Nano-scale Devices: Progresses and Challenges (Lecture Notes in Electrical Engineering),” Springer, 2010.