Лични алати
Пријави се

Менаџмент на мултимедиски мрежи и сервиси

Предмет: Менаџмент на мултимедиски мрежи и сервиси

Код: ФЕИТ10009

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Борислав Поповски

Содржина на предметната програма: Kонцепти за управување со телекомуникациски мрежи. Управување со телекомуникациски сервиси. SLA и управување со QoS.

Управување со радио ресурси, управување со мобилност во безжичните мрежи. Коегзистенција на различни безжични технологии. Интеграција и кооперативност на радио пристапни мрежи.

ИМС (IP Multimedia Subsystem) концепти и архитектура. Нивовска структура и протоколи за имплементација на ИМС. Сервиси во ИМС.

Анализа на концептот за мултимедиски сервер. Примери на медиа-сервери. Комуникација на видeо содржини во реално време.

Пренос на видео, аудио и RIA (rich Internet applications) преку приватни и јавни IP мрежи, до крајни уреди: десктоп, лаптоп и таблет компјутери, мобилни уреди, IPTV/OTT set-top боксови, интернет-поврзани TV уреди и други комуникациски уреди.

Литература:

1.       P. Latkoski, B. Popovski, book edited by Ali Eksim, “Wireless Communications and Networks - Recent Advances,” InTech - Open Access Publisher, 2012.

2.       Mani Subramanian, “Network Management: Principles and Practices,” Prentice Hall, 2012.

3.       Mikka Poikselka, Georg Mayer, “ The IMS: IP Multimedia Concepts and Services, 3rd Edition,” John Wiley & Sons, 2009.