Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 11-Безжични и мобилни комуникации (11-БМК) Експериментални и развојни платформи во телекомуникации

Експериментални и развојни платформи во телекомуникации

Предмет: Експериментални и развојни платформи во телекомуникации

Код: ФЕИТ10005

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Д-р Владимир Атанасовски

Содржина на предметната програма: Потреба од тестни платформи за телекомуникациски системи. Достапен хардвер и софтвер за креирање демо и тест платформи (спектрални анализатори, USRP2, Sun SPOTs, TI eZ430 итн.). Програмски околини. Предности и недостатоци.

Интеграција на хетерогена опрема заради тестирање на различни системски перформанси. Предизвици и нивно надминување при интеграција. Калибрација на хетерогена опрема. Проценка на опсег на работа на интегриран експериментален систем.

Проценка на перформанси и скалабилност на телекомуникациски системи во лабораториски услови. Споредба на експериментални и симулациски/аналитички резултати. Анализа на предности и недостатоци на секој од можните пристапи.

Развој на конкретни експериментални платформи за безжични мрежи (на пр. за мерење на спектрална искористеност во различни опсези, за ослушнување спектар, за динамички пристап кон спектар, за креирање мапи на радио покриеност, за користење на безжични сензорски мрежи во различни апликации итн.).

Развој и тестирање на телекомуникациски прототип решенија.

Околини за развој на мобилни апликации. Трендови.

Локациски базирани сервиси. Развој и тестирање.

Тестирање на телекомуникациски сервиси во лабораториски услови.

Истражувачки предизвици во областа.

Литература:

1.       A. M. Wyglinski and D. Pu, “Digital Communications Systems Engineering with Software-Defined Radio,” Artech House, 2013.

2.       S. Helal, W. Li and R. Bose, “Mobile Platforms and Development Environments,” Morgan and Claypool Publishers, 2012.

3.       W. Xiang, “Wireless Access in Vehicular Environments Technology: Theory, Simulation and Prototyping,” Springer, 2013.