Лични алати
Пријави се

Процесирање на биомедицински слики

Предмет: Процесирање на биомедицински слики

Код: ФЕИТ05024

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Лидија Ололоска - Гагоска

Содржина на предметната програма:

Основни концепти на процесирање на слика: Претставување на слика во изворен и во домен на трансформацијата; Дигитализација; Визуелна перцепција; Шум и квалитет; Компоненти на систем за обработка на слика

Модалитети за добивање биомедицински слики:  Физика на рентгенските зраци, теорема на проекциони пресеци, рентгенски слики и CAT-слики; Физички и физиолошки принципи на MRI и MR-слики; Физички и физиолошки принципи на ултразвукот и US-слики

Основи на морфолошко процесирање на слика: Вовед, Логички операции кај дигитални слики; Дилатација и ерозија; Отворање и затворање

Филтрирање, подобрување и реставрација:  Модификација на интензитетот; Процесирање со маски; Процесирање во доменот на просторни фреквенции; Отстранување на шум со вејвлети

Движење: Вовед, Квантификација на движење од сликовни секвенци; Примена при мерење на динамички биолошки појави

Основи на компресија на слика: Вовед, Компресија без загуби, Компресија со загуби

Детекција на рабови и сегментација: Детекција на рабови; Сегментација заснована на праг; Сегментација заснована на региони; Сегментација со морфолошки вододелници; Примена на движењето во сегментацијата

Ригидна и неригидна регистрација: Вовед и трансформации; Метрики за упареност; Оптимизација и интерполација; Робусност

Литература:

  1. Kayvan Najarian, Robert Splinter, Biomedical Signal and Image Processing, CRC Press, 2006
  2. Rafael C. Gonzalez, Richard E. Woods, Digital Image Processing, Prentice Hall, 3rd ed., 2007