Лични алати
Пријави се

Дигитално процесирање на сигнали

Предмет: Дигитално процесирање на сигнали

Код: ФЕИТ05006

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: вон. проф. д-р Димитар Ташковски

Содржина на предметната програма: z- трансформација (дефиниција, конвергенција, особини, инверзна). Дискретни системи. Преносна функција. Фреквенциска карактеристика. Дискретни системи екситирани со случајни сигнали. Дискретна Фуриеова трансформација (DFT): дефиниција, својства, брза Фуриеова трансформација (FFT), алгоритми за пресметување на FFT. Конволуции: линеарна, циклична, врска помеѓу нив, филтрирање со FFT, конволуција на долги низи. Спектрална анализа со DFT: спектар на конечна и бесконечна низа, пресметување на низата од спектарот, пресметување на аналогниот сигнал од спектарот. Дигитални филтри: класификација, методи за проектирање на FIR дигитални филтри, методи за проектирање на IIR дигитални филтри.

Литература:

  1. М. Богданов и С. Богданова, Дигитално процесирање на сигнали, ЕТФ Скопје, 1998
  2. A. Oppenheim, R. Schafer, J. Buck  Discret- Time Signal Processing, 2 edition, Prentice Hall, 1999
  3. Mitra Sanjit K, Digital Signal Processing:A Computer-Based approach, 2 еdition, McGraw Hill, 2001