Лични алати
Пријави се

Софтвер за наменски компјутерски системи и мрежи

Предмет: Софтвер за наменски компјутерски системи и мрежи

Код: ФЕИТ07010

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: доц. д-р Марија Календар

Содржина на предметната програма:

Мрежно програмирање: Напредно програмирање  во TCP/IP и  ISO/OSI мрежна околина, програмирање на некои од основните мрежни сервиси, мрежни сервиси кај сателитски и стратосферски мрежи, Peer-to-Peer, балансирање на оптеретување. Хардверски решенија за замена на TCP/IP протоколниот стек во мрежи од следна генерација. Платформи за развој на софтвер за повеќејадрени наменски компјутерски системи.

Мрежното управување: ISO Стандардна мрежна архитектура за управување (Network Management Architecture); Програмска контрола на квалитет на услуги; Управување на перформанси: мрежно доцнење и капацитет, доделување на капацитет, доделување на проток. Софтвер за управување и контрола на мрежи и мрежни уреди. Управување на мрежи со SNMP.

Оперативни Системи за наменски компјутерски уреди: Linux, RTOS, Windows Mobile, Android  Интерфејси: Видови интерфејси. Користење на прекини за тајминг. Системска интеграција. Мрежни вградливи системи: Примери на мрежни вградливи системи. Програмирање на вградливи системи во C. Java 2, Micro Edition (J2ME): Конфигурации, Конфигурација на поврзан ограничен уред – CLDC, CDC профили, J2ME безжини алатки. Дизајн на мали уреди: Ограничен капацитет на пресметки; Ограничена големина на екран; Ограничена големина  на меморија. Наменски системи со голема пресметувачка моќ. Кориснички интерфејс: Mobile Information Device Profile (MIDP). Чување на информација: Запишување на информација со користење на MIDP, RMS API, Java бази на податоци. Мрежно работење: Мрежна работа кај наменски уреди, Generic Connection Framework.

Литература:

  1. W. R. Stevens, Garry Wright, "TCP/IP Illustrated, Volume 1 & 2", Addison-Wesley, 2001
  2. W. Richard Stevens, "UNIX Network Programming, Volume 2: Interprocess Communications, 2nd Ed", Prentice Hall, 2012
  3. Elecia White, "Making Embedded Systems: Design Patterns for Great Software", O'Reilly Media, 2011