Лични алати
Пријави се

Обработка на податоци базиранa на сервиси

Предмет: Обработка на податоци базиранa на сервиси

Код: ФЕИТ00018

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Данчо Давчев

Содржина на предметната програма: Испорака на сервиси на ефикасен и надежен начин во новите пресметковни околини кои ги опфаќаат облаците, комуникативните објекти, сензорите и паметните уреди. Софтверски и сервиски технологии што користат Интернет – базирани сервиси вклучувајќи го мрежниот софтвер и облак пресметувањата.

Само- адаптибилни интернет – базирани сервиси користеќи агилни софтверски технологии и алатки користејќи ги дистрибуираните софтверски архитектури, големите дистрибуирани множества на податоци и паметни сензори. Сервиси во отворени и колаборативни софтверски околини. Подршка за глобална интероперабилност на софтверските и сервиските технологии. Комплексни сервиси и управување со големи множества на податоци во повеќе – слојна облак пресметувачка околина. Алгоритми за подршка на квалитет на услуги кај сензорските мрежи (QoS/SLA). Обезбедување на соодветен пропусен опсег и доцнење. Системски сервиси и дистрибуирани сервиси во сензорските мрежи. Мрежи толерантни на доцнење и опуртунистички мрежни стратегии. Отпорност на грешки и надежност. Алокација на ресурси и правичност. Подредување на ресурсите во реално време. Подредување и оптимизација. Планирање на капацитетот. Техники за интерпретација и користење на сензорски податоци во процесите за носење одлуки. Дистрибуирана обработка на податоци. Дистрибуирана обработка на прашања. Дистрибуирани алгоритми за колаборативна обработка. Алокација на задачи, репрограмирање и реконфигурација. Обработка и агрегација во мрежата. Анализа на податоци и визуализација. Складирање на податоци кај сензорските мрежи. Пребарување на податоци. Дисиминација на податоци. Компресија на податоци и агрегација. Транспорт на податоци кај безжичните сензорски мрежи. Извлекување на податоци и фузија кај безжичните сензорски мрежи. Редунданција.

Литература:

1.       B.Frank, “Timing the Big Data Tidal Wave”, Wiley, 2012

2.       P.C.Zikopoulos et al., ”Understanding Big Data”, McGraw Hill, 2012

3.       F. Ohlhorst, “Big data Analytics”, Wiley, 2013

4.       I.F. Akyildiz, M.C. Vuran, “Wireless Sensor Networks”, Wiley, 2010