Лични алати
Пријави се

Моделирање и симулација - проценка на перформанси

Предмет: Моделирање и симулација - проценка на перформанси

Код: ФЕИТ07004

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Содржина на предметната програма: Процеси на раѓање и умирање. Општа теорија на чекачки системи. Едноставни чекачки системи со еден и повеќе сервери. Средно сложени чекачки системи со еден и повеќе сервери. Сложени  чекачки системи со еден и повеќе сервери. Себе-слични процеси и нивни карактеристики. Меѓузависност со долг дострел и распределби со долги опашки. Чекачки мрежи. Уреди и системи кај кои е можна примена на анализа со чекачки системи и мрежи. Дискретно-настански симулатори и алатки за анализа на перформанси. Карактеристични практични примери.

Процеси на обновување. Дискретни и континуирани Маркови ланци: примена. Процеси на гранање. Општи карактеристики на графови, проблем на најкраток пат, ефикасност на multicast и број на скокови во anycast група.

Напредни поглавја од симулационо моделирање. Петри мрежи. Постапка за креирање симулација. Обработка и толкување на симулационите резултати.

Литература:

  1. J. Daigle, "Queueing Theory with Applications to Packet Telecommunications", Springer, 2004
  2. G. Bolch, S. Greiner, H. deMeer, K. Trivedi, "Queueing Networks and Markov Chains: Modeling and Performance Evaluation with Computer Science Applications", John Wiley, 2006
  3. A. M. Law, W. D. Kelton, "Simulation Modeling and Analysis, 3/e", McGraw-Hill, 2000